СВЕТСКА НЕДЕЛА НА ДОЕЊЕТО Јавна кампања за подигање на свеста за значењето на мајчиното млеко
Под слоганот „Заложи се за доењето“, годинава, Светската недела на доењето е насочена кон развој и зголемување на капацитетите на здравствениот систем и на општеството за поддршка на доењето.
Здружението за грижа и едукација на бремени жени, мајки и деца „Лулка“ од Скопје, Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство и компанијата „Хипомед“, оваа година ja одбележуваат Светската недела на доење од 1-ви до 7 август со јавна кампања за промоција на значењето на доењето и со донација на Bempu Tempwatch алки за хипотермија, за предвреме родените бебиња испишани од Одделението за неонатална интензивна нега на Клиниката.
„Под слоганот „Заложи се за доењето“, годинава, Светската недела на доењето е насочена кон развој и зголемување на капацитетите на здравствениот систем и на општеството за поддршка на доењето. Организацијата Лулка ќе организира онлајн обука со стручни предавачи наменета за акушерки, медицински сестри, гинеколози/акушери, педијатри и доктори по семејна медицина, за значењето на современата поддршка на доењето во духот на Светската недела на доењето 2022. Потоа, ќе дистрибуира флаери за информирање на секоја породена мајка за значењето на доењето, со кратки основни упатства за доење и контакти каде може да добијат соодветни информации и поддршка по доаѓањето дома“, се вели во соопштението од „Лулка“.
Прочитајте повеќе на порталот „Мајка и дете“.