БАТАЛЕТЕ МЕСО, СИРЕЊЕ И ПРЕМНОГУ ЗАЧИНИ Храна што треба да се избегнува во лето
Деновиве се соочуваме со тропски температури, па треба да обрнеме внимание на изборот на намирници што ги внесуваме во текот на денот бидејќи тие можат да помогне во полесно справување со горештините или, ако да одмогнат доколку направиме погрешен избор.
Летото е време кога ни одговара лесна и освежителна храна, па затоа за време на тропските горештини е најдобро да ги одбегнуваме оние намирници кои не му годат на организмот на овие температури.
На пример, многу луѓе сакаат да користат зачини, но треба да се внимава да не се претера… Впрочем, со зачините не треба да се претерува ниту во лето, ниту во зима, бидејќи тие ја креваат телесната температура. Не е препорачливо да се јадат месо или сосови со месо бидејќи тешките сосови, дури и оние со морски плодови, можат да предизвикаат прекумерно потење и дигестивни проблеми.
Прочитајте повеќе на порталот „Арт кујна“.