ОД ХУАВЕИ ГИ ШПИОНИРАЛЕ САД? Компанијата е под истрага дека би можела да ѝ помогне на кинеската влада

Осум сегашни и поранешни функционери на американската влада изјавиле дека истрагата ги одразува постојаните грижи за националната безбедност за компанијата, која веќе беше погодена со голем број американски ограничувања во последниве години.

1,093

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден ја испитува кинеската компанија Хуавеи, под сомнение дека нејзините високи телекомуникациски кули инсталирани во САД имаат опрема која лесно може да ѝ испрати доверливи информации на Кина, дознава Ројтерс. Компанијата не ја коментира истрагата, но демантира дека собира какви било чувствителни информации од корисниците на нивните мобилни телефони и мрежа.

Од Хуавеи биле повикани на разговор со американската Агенција за трговија уште лани, а требало да објаснат каква е нивната политика за споделување податоци со трети страни. Според документот од 10 страни до кој дошол Ројтерс се работи за пораки, геолокациски податоци и мобилни телефони.






фото: твитер/принтскрин

Кинеската амбасада во Вашингтон не одговори на конкретните наводи. Во соопштението испратено преку е-пошта, тие велат:

„Владата на САД го злоупотребува концептот на национална безбедност и државната моќ за да се потрудат да ги потисне Хуавеи и другите кинески телекомуникациски компании без да обезбедицврст доказ дека тие претставуваат безбедносна закана за САД и другите земји“.

Од Ројтерс не можеле да утврдат какви дејствија би можела да преземе Агенцијата за трговија на САД против Хуавеи.

Осум сегашни и поранешни функционери на американската влада изјавиле дека истрагата ги одразува постојаните грижи за националната безбедност за компанијата, која веќе беше погодена со голем број американски ограничувања во последниве години.

Хуавеи е компанија која од самиот старт имаше проблем во САД. Во минатите години американските власти ја ограничуваа продажбата на нивните мобилни телефони стравувајќи од конкуренцијата.

Меѓу работите во кои се тркаат САД и Кина секако е и 5Г-технологија во која Кина предничи и веќе испробува емитери на 6Г-мрежа.

Поврзани содржини