РЕЧИСИ ПОЛОВИНА ОД ЗАКОНИТЕ НИ СЕ УСОГЛАСЕНИ СО ЕУ Другата половина ќе треба да ја сработиме во преговорите

Во првата фаза ќе одиме со дополнување на оној објаснувачки скрининг, каде што Европската комисија нам ќе ни претстави што е тоа што треба да усогласиме до членството, а потоа и билатералниот кога ќе се вклучат земјите членки со свои наоди, со свои гледишта и врз основа на тоа, тоа ќе трае едно 14-16 месеци и во тој период ние ќе треба да ги изработиме и оние клучни документи, додаде Маричиќ.

207

Согласно нашите анализи, во државата 45 отсто веќе има усогласување во делот на законодавството, и доколку се продолжи со таа динамика, темпото ќе биде побрзо од Србија и Црна Гора кои преговараат веќе десет години, посочи денеска  за „Алсат М“ вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ.

Вицепремиерот потврди дека вчера официјално започна процесот на скрининг и тоа во рамки на состанокот кој се одржа во Брисел заедно со делегацијата на Република Албанија, при што било објаснето кои се чекорите кои следуваат, што е она што треба ние да се подготвиме и бил споделен календар за нашите наредни активности.






Вицепремиерот Маричиќ потенцираше дека на средината на септември почнува скринингот по кластери и по поглавја.

– Во првата фаза ќе одиме со дополнување на оној објаснувачки скрининг, каде што Европската комисија нам ќе ни претстави што е тоа што треба да усогласиме до членството, а потоа и билатералниот кога ќе се вклучат земјите членки со свои наоди, со свои гледишта и врз основа на тоа, тоа ќе трае едно 14-16 месеци и во тој период ние ќе треба да ги изработиме и оние клучни документи – додаде Маричиќ.

Поврзани содржини