МАСК СЕ MAJТАПИ СО ТВИТЕР…НА ТВИТЕР Ќе мора да ги покажете документите за профилите на суд!
Велеа дека не можам да го купам Твитер, пишува Маск во првата реченица од мемето, во кое има негова слика како „се гази од смеење“.Потоа нејќеа да објават колку спам-профили имаат“, гласи втората реченица.Сега пробуваат да ме натераат да го купам Твитер на суд, продолжува милијардерот и додава: Но, сега токму тие ќе треба да ги објават спам-профилите пред судот.
Илон Маск се откажа од купување на Твитер. Но, не и од правење мемиња и играње мајтап со Твитер и тоа на неговиот….Твитер-профил. По вестите дека тој сега ќе мора да оди на судење со компанијата која ќе го натера да ја купи или да плати пенали од барем 1 милијарда долари, најбогатиот човек во светот реши да ја објасни целата работа во четири реченици.
— Elon Musk (@elonmusk) July 11, 2022
„Велеа дека не можам да го купам Твитер“, пишува Маск во првата реченица од мемето, во кое има негова слика како „се гази од смеење“.
„Потоа нејќеа да објават колку спам-профили имаат“, гласи втората реченица.
„Сега пробуваат да ме натераат да го купам Твитер на суд“, продолжува милијардерот и додава:
„Но, сега токму тие ќе треба да ги објават спам-профилите пред судот“, завршува мемето.
Спорните документи за лажни профили на Твитер кои го премислија Маск уште не се објавени. Милијардерот тврдеше и сакаше да провери дали е точно дека тие изнесуваат над 5 отсто од вкупно сите профили на Твитер, што би значело дека компанијата и не вреди баш да биде купена, барем не за оние 44 милијарди долари за кои првично Маск и Твитер се договорија.
Во меѓувреме, акциите на Твитер паднаа за 5 отсто, само поради веста дека Маск нема да ја купи компанијата.