ФРАНЦУСКИОТ ПРЕДЛОГ ИЗЛЕЗЕ НА ВИДЕЛИНА Три документи ни ја кројат судбината

Францускиот предлог во интегрална форма беше објавен веднаш по средбата на премиерот Димитар Ковачевски со лидерите на партиите од владината коалиција.

1,457

На владината веб страница поладнево е објавен францускиот предлог за отстранување на бугарското вето и за старт на преговорите за членство на Република Македонија во Европската Унија.

Францускиот предлог во интегрална форма беше објавен веднаш по средбата на премиерот Димитар Ковачевски со лидерите на партиите од владината коалиција.






Ковачевски најави дека ќе се отвори процес на широки консултации, кој ќе се одвива транспарентно, а јавноста во детали ќе биде запознаена со сите следни чекори. Според него, во предлогот се заштитени македонските црвени линии.

Предлогот се состои од три документи кои засега се објавени само на англиски јазик: Нацрт на позицијата на ЕУ, Нацрт на заклучоците на Европскиот совет и Ставот на ЕУ за првата меѓувладина конференција.

 

Поврзани содржини