СО ТАВЧЕ-ГРАВЧЕ, МУСАКА И ТУРЛИТАВА НБА-ѕвездата и турската актерка ќе се венчаат на брод среде Охридско езеро (ФОТО)

Ова ќе биде прв дел од свадбената церемонија на поранешниот соиграч на Леброн Џејмс, кои по една недела ќе направат голема забава и во турското туристичко место Чешме, каде што се запознал со Ебру.

1,577

Градот Охрид деновиве е во центарот на вниманието на турската јавност, но не пари богатата историја и прекрасното езеро, туку поради фактот што во него утре ќе се случи венчавката на најпопуларната двојка во оваа земја, НБА-ѕвездата Чеди Осман и актерката Ебру Шахин, пишува спорт1.мк.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ebru Şahin (@rebrusahin)






Репрезентативецот на Турција и член на Кливленд кавалирс е роден крај Охридското езеро и во овој дел од Македонија има многу пријатели и роднини, поради што реши да стапи во брак во бисерот крај Охридското езеро. Според турските медиуми, свечениот чин ќе се случи на брод во присуство на најблиските на Осман и Шахин, по што ќе следува гозба со традиционални македонски јадења. Невестата била воодушевена од македонската кујна, поради што, меѓу другото, барала на менито да има и тавче-гравче, мусака и турлитава.

Ова ќе биде прв дел од свадбената церемонија на поранешниот соиграч на Леброн Џејмс, кои по една недела ќе направат голема забава и во турското туристичко место Чешме, каде што се запознал со Ебру.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cedi Osman (@cediosman)

Поврзани содржини