КАМЕРОН ДИЈАЗ СЕ ВРАЌА НА ГЛУМАТА По осум години пауза (ВИДЕО)
Камерон ќе се појави во нов филм покрај оскаровецот Џејми Фокс. Насловот на филмот е во склад со добрата вест – „Враќање во акција“.
На задоволство на бројни обожаватели, една од најомилените холивудски актерки Камерон Дијаз се враќа на актерството по осумгодишна пауза.
Камерон ќе се појави во нов филм покрај оскаровецот Џејми Фокс. Насловот на филмот е во склад со добрата вест – „Враќање во акција“.
Актерот и музичар Фокс ја објавил веста на социјалните мрежи, а споделил и телефонски разговор меѓу него и Дијаз.
Веста доаѓа осум години откако парот се појави заедно во, како што се испостави, последниот филм во кој глумеше Дијаз, по што таа се повлече од филмскиот свет и се посвети на мајчинството.
Во разговорот Камерон истакнала дека е „толку загрижена“, но „возбудена“ поради враќањето.
Во текот на истиот телефонски разговор, Фокс, кој доби Оскар во 2004 година за улогата на американскиот соул пејач Реј Чарлс, ја поврза актерката со победникот на Супербол, Том Брејди за да и понуди неколку совети за враќање на сцената.
Фокс во описот на својата објава рекол дека му била потребна помош за да ја убеди Дијаз да се врати.
„Камерон, се надевам дека не си лута што го снимив ова, но нема враќање назад“, рекол актерот.
Откако Камерон се повлече од актерството, тоа беше голем удар за нејзините обожаватели, па несомнено ќе ја поздрават веста дека актерката се враќа за претстојниот филм на Нетфликс.