СКОПЈАНЕЦ ФАТЕН НА ДЕЛО ДОДЕКА КРАДЕ Лицето исто така се сомничи за кражбата на 16 уметнички слики

619

На бул.„Партизански одреди“ во Скопје денеска во 02.00 часот полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Е.Д.(33) од Скопје.

Тој бил затекнат при обид за извршување „тешка кражба“ во куќа на подрачјето на Центар и го признал делото.






– Кај него е пронајден предмет кој што потекнува од кривични дела „тешка кражба“ пријавени на 27.06.2022 во Полициската станица Центар, а извршени во периодот од 25 до 27.06.2022, при што од книжарница на ул.„Ѓуро Стругар“ во Скопје биле одземени повеќе уметнички слики. Лицето е предадено на полициски службеници од Полициска станица Центар за понатамошна постапка, а за случајот е известен Јавен обвинител, соопштија од МВР.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Инаку пред неколку дена во Мултимедијалниот културен центар Матица Ексклузив од уметникот Павле Кузманоски, украдени се 16 негови ретки дела во маслена техника, пастели, акварели и цртежи во туш на тема урбани пејсажи создадени во последните 60 години.

– На 27.06.2022 во 00:53 часот во Полициската станица Центар, Р.П.(72) од Скопје пријавил дека во периодот од 16.00 часот на 25.06.2022 до 23.55 часот на 26.06.2022 во негова книжарница на улица „Ѓуро Стругар“ во Скопје било влезено со употреба на сила и подесен алат и биле одземени шест уметнички слики. Исто така, денеска во 12:00 часот во Полициската станица Центар било пријавено дека во истата книжарница денеска повторно било влезено со употреба на сила и подесен алат и биле одземени уште 10 уметнички слики – соопштија тогаш од МВР.

Поврзани содржини