СТРОГА МАЈКА БАРА ОД СВОЈАТА 20-ГОДИШНА ЌЕРКА ДА АБОРТИРА Сака да биде баба под услов ќерка ѝ да се омажи
Една жена од Австралија е очајна затоа што нејзината 20-годишна ќерка е бремена од момчето со кое е во врска 2 години, сака да роди, но не сака да се мажи. Таа ја убедува да абортира. Што мислите вие за ова?
Загрижена мајка од Австралија предизвика жестока дебата откако се јави во радио емисијата Kyle and Jackie O и откри дека се обидува да ја убеди својата 20-годишна ќерка да абортира. Оваа жена која се претставила како Кети рекла дека сака нејзината ќерка да се омажи за таткото на детето или да ја прекине бременоста.
„Пораснав во строг дом. Не би можела да имам бебе ако не бев мажена. Тоа е бебе, а не куче”, рекла 48-годишната Кети во воведот, објаснувајќи дека нејзината ќерка, која сè уште живее во семејната куќа ѝ кажала дека е бремена во шестата недела со момчето со кое е во врска две години.
„Се расправавме за тоа. Ѝ реков дека би сакала да се омажи, но таа не е заинтересирана за брак“, додала таа.
„Значи, ќе бидете среќни да станете баба ако се венчаат и сè оди како што сте замислиле“, праша водителот Кајл, на што Кети одговорила потврдно.
Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.