ПРЕМИЕРОТ ДА ПАЗИ ШТО ЌЕ КАЖЕ ВО БРИСЕЛ И Демократски сојуз ќе ја напушти Владата ако се прифати францускиот предлог

Ќе излеземе од Владата. Затоа го охрабрувам премиерот утре кога ќе оди во Брисел да каже „не“ за овој предлог, рече генералниот секретар на ДС, Зоран Димитриевски.

1,435

Откако лидерот на ЛДП, Горан Милевски, денеска најави дека ќе ја напушти владината коалиција ако се прифати францускиот предлог, сега истото го стори и генералниот секретар на Демократски сојуз и заменик-министерот за локална самоуправа Зоран Димитриевски.

Тој во вечерашното гостување во „Топ-тема“ на Телма рече дека неговата партија ќе ја напушти Владата ако биде прифатен штетниот предлог од Франција.






– Ќе излеземе од Владата. Затоа го охрабрувам премиерот утре кога ќе оди во Брисел да каже „не“ за овој предлог. Ако каже „да“ и доколку рамката помине и ја одржиме првата конференција, тогаш Демократски сојуз си заминува од Владата – рече Димитриевски.

ЛДП ЌЕ ЈА НАПУШТИ ВЛАДАТА АКО БИДЕ ПРИФАТЕН ФРАНЦУСКИОТ ПРЕДЛОГ Ако тие мислат дека не сме важен фактор, тогаш се излажале!

Поврзани содржини