РАЈКОВИЌ Е НОВ ТРЕНЕР НА ЦСКА МОСКВА! Рускиот гигант е импресиониран со македонскиот стратег
Нов тренер на нашиот тим ќе биде 43-годишниот македонски стручњак Емил Рајковиќ. Договорот беше потпишан до крајот на сезоната - 2023/24, вели претседателот на најславниот кошаркарски клуб од Русија, Андреј Ватутин.
Емил Рајковиќ е новиот тренер на кошаркарскиот тим на ЦСКА Москва, објавено е на официјалната страница на руската екипа.
– Нов тренер на нашиот тим ќе биде 43-годишниот македонски стручњак Емил Рајковиќ. Договорот беше потпишан до крајот на сезоната – 2023/24 – вели претседателот на најславниот кошаркарски клуб од Русија, Андреј Ватутин.
Тој посочи дека македонскиот тренер долго време бил следен од скаутите на ЦСКА.