Кога Путин излегува од дома, короната оди во карантин…
Кога Путин бил млад, пропуштил два дена на училиште. Сега тие два дена ги викаме „викенд“. Кога Путин наполнил 18 години, неговите родители се иселиле од дома. Кога Путин излегува од дома, короната е таа што оди во карантин. Путин ги штити своите телохранители.
Нова серија вицеви излегоа за Путин, а некои од нив премногу потсетуваат на оние шеги за Чак Норис кога сите „му се плашеа“.
– Кога се родил Путин, лекарите реклe „E, ова е ЧОВЕК“
– Кога се родил Путин, лекарите побарале од него, тој да ги именува своите родители.
– Кога Путин бил млад, пропуштил 2 дена на училиште. Сега тие 2 дена ги викаме „викенд“.
– Кога Путин одел на училиште, наставниците ги кревале рацете за да му поставуваат прашања.
– Родителите на Путин спијат во неговиот кревет, кога се исплашени навечер.
– Кога Путин наполнил 18 години, неговите родители се иселиле од дома.
– Кога Путин доаѓа кај вас дома, тој ви ја дава лозинката за вашиот Wi-Fi интернет.
– Кога Путин дипломирал, компаниите се пријавувале за работа кај него.
– Кога Путин прави профил на Фејсбук, условите и правилата се согласуваат со него.
– Путин еднаш случајно го испуштил паричникот додека бил во Швајцарија. Тоа место сега е познато како Swiss Bank.
– Путин ги штити своите телохранители.
– Путин не спие со пиштол под перница, туку со перница под пиштолот.
– Кога Путин оди на пазар, тој ја одредува цената.
– Кога Путин сецка кромид, кромидот плаче.
– Путин им дава насоки на Google Maps.
– Кога Путин излегува од дома, короната е таа што оди во карантин.
– Кога има итен случај, 911 го повикува Путин.
– Кога Путин оди, тепихот станува црвен.