ИСКОПАНИ 150 СТАТУИ ВО ЕГИПЕТ Бронзените артефакти ги прикажуваат старите божества
Статуите ги прикажуваат старите египетски божества, како богот на задгробниот свет, Анубис, божицата на денот, Нефертим, богот на сонцето и воздухот Амон. Археолозите пронашле и бронзени садови, а се верува оти се користени за време на молитвите на божицата на плодноста, Изида.
Во некропола во Сакара, во близина на Каиро откриени се 150 бронзени статуи, соопшти Министерството за туризам и антиквитети на Египет. Тоа е прво и најголемо откритие на бронзени статуи од древниот Египет во областа, околу 28 километри јужно од Каиро.
Egypt announces major new find of 250 sarcophagi & 150 statues in #Saqqara by an Egyptian Archaeological Mission. Amazing images courtesy of @TourismandAntiq pic.twitter.com/2p8kxFA0ND
— Nigel J.Hetherington CEO (@Pastpreservers) May 30, 2022
Статуите ги прикажуваат старите египетски божества, како богот на задгробниот свет, Анубис, божицата на денот, Нефертим, богот на сонцето и воздухот Амон. Археолозите пронашле и бронзени садови, а се верува оти се користени за време на молитвите на божицата на плодноста, Изида.
Пронајдени се и 250 насликани дрвени саркофази со добро сочувани мумии, дрвени статуи, маски, како и фигури на мачки. Пронајден е и накит од ерата на Новото кралство, како што се бразлетни и обетки.
Ископувањето во областа на Сакара почна во 2018 година.