БРИТАНСКИТЕ МЕДИУМИ „КРИЈАТ“ ДЕКА АЗОВ СЕ НЕОНАЦИСТИ Познат новинар открива како се известува за озлогласениот баталјон

Се прави голем напор да се „избели“ и да се рехабилитира баталјонот Азов, да се прикаже дека тие немаат никакво влијание во Украина или дека се едноставно погрешно разбрани националист, истакна Стив Свини, уредник на познатиот лондонски весник „Морнинг Стар“.

478

Британските медуми намерно не известуваат целосно за таканаречените неонацисти од баталјонот Азов во Украина, често ги замаглуваат емблемите на војниците и ги претставуваат како погрешно разбрани националисти, смета познатиот уредник на лондонскиот весник „Морнинг Стар“, Стив Свини, пренесува РТ. Свини и самиот бил во градот Лавов близу Полска за да известува за војната, а оттаму се вратил со сосема различно мислење од мејнстрим  медиумите.

– Ги имате Тајмс, Телеграф, Гардијан, Би-Би-Си, Скај Њуз, Канал 4 кои навистина произведуваат идентични извештаи од Киев и од Лавов и кои воопшто не отстапуваат од линијата на владата, од линијата на НАТО за она што се случува во конфликтот на Украина со Русија – изјави тој.






– Се прави голем напор да се „избели“ и да се рехабилитира баталјонот Азов, да се прикаже дека тие немаат никакво влијание во Украина или дека се едноставно погрешно разбрани националисти – истакна новинарот.

Свини оди дотаму што го опишува известувањето на Би-Би-Си за баталјонот Азов како „мајсторска класа во негирањето на фашизмот“. Според него, „самиот град (Лавов) во суштина беше полн со фашисти и платеници и луѓе кои користат цивилни транспортни мрежи за да влезат во Украина“ од Полска.

– Странците во воена опрема, кои велат дека дошле во Украина „да ги убијат Русите“, се пречекани со раширени раце. Tие се тркалаат на црвениот тепих и ги плескаат по грбот и се третирани како херои – рече тој.

Додека светските медиуми се поделени во врска со известувањето околу баталјонот Азов и неговото влијание врз украинската војска, дел од припадниците на баталјонот кои се предадоа на Русите по долгата битка во челичарницата во Марупол го очекуваат своето прво судење.

 

Поврзани содржини