БУГАРИЈА НЕ СЕ СПРЕМА ДА ГО КРЕНЕ ВЕТОТО Немаме реална причина да отстапиме од националниот интерес

Реална причина да се тврди дека ние ќе отстапиме од националниот интерес на Бугарија, нема, рече претседателот на бугарското Собрание, Никола Минчев, велејќи дека темата за кревање на ветото се експлоатира за политички цели.

452

Претседателот на Народното собрание на Бугарија Никола Минчев во интервју за БНР изјави дека Владата не се подготвува да го крене ветото за членството на Северна Македонија во ЕУ, јави дописникот на МИА од Софија.

Според Минчев, категорично немало да има едногласно кревање на ветото кон Северна Македонија, но, како што рече, таа тема многу се експлоатира за политички цели.






– Реална причина да се тврди дека ние ќе отстапиме од националниот интерес на Бугарија, нема – рече тој.

Бугарската позиција за темата според него е јасна и се очекува исполнување на Договорот за добрососедство и на другите договори.

Поврзани содржини