БРИТНИ СПИРС СКРШЕНА ОД ТАГА Го загубив бебето

Бритни ја потврди трагичната вест на Инстаграм, само неколку недели откако таа и Ашгари објавија дека чекаат бебе.

165

Поп-принцезата Бритни Спирс (40) пред еден месец најави дека е бремена со првото дете со свршеникот Сем Ашгари (28).

За жал, пејачката доживеала спонтан абортус. Трагичната вест ја потврди американската пејачка на Инстаграм, само неколку недели откако таа и Ашгари објавија дека чекаат бебе.






За ова ужасно искуство Бритни објави на својот профил на Инстаграм:

„Со длабока тага ве известуваме дека го изгубивме наше бебе „чудо“ во рана фаза од бременоста. Ова е ужасно искуство за секој родител и можеби требаше да почекаме пред да објавиме јавно, но бевме многу возбудени за да ги споделиме добрите вести. Љубовта еден за друг ни е сила, ќе продолжиме да се обидуваме да го прошириме нашето убаво семејство. Благодарни сме ви за целата поддршка. Ве молиме за приватност во овие тешки мигови.“

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Britney Spears (@britneyspears)

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини