ДАЛИ ЗНАЕТЕ ДЕКА ЗА ВРЕМЕ НА БРЕМЕНОСТА МОЖЕ ДА ВИ ПОРАСНЕ НОСОТ? 4 до 6 недели по породувањето, се враќа во нормала
Овој симптом на бременост речиси никој не го очекува иако е прилично вообичаен.
„Мојот нос растеше толку многу во секоја бременост што бев изненадена што не добив стрии и на него“, коментира една мајка откако Криси Тајген проговори за трудничкиот нос.
Имено, многу жени знаат дека за време на бременоста може да очекуваат болни гради, мачнини и замор, се покажало дека може и да им отечњ носот.
„Мојот нос е огромен. Има свој индекс на телесна маса. Како можете да се здебелите во носот? Ова е фасцинантно”, изјавила Тејген за време на една од нејзините бремености и ги воодушевила другите мајки затоа што проговорила за тоа.
„Ова е вистински проблем за кој малку луѓе зборуваат. Бев исплашена“, додала другата мајка.
Прочитајте повеќе на порталот „Мајка и дете“.