МЛЕКО ОД ЛЕНЕНО СЕМЕ, ЗДРАВА АЛТЕРНАТИВА ЗА НЕТОЛЕРАНТНИ НА ЛАКТОЗА Хранливо, здраво и со малку калории

Иако не е толку вообичаено како другите алтернативи за млеко, млекото од ленено семе е многу хранливо, нема воопшто холестерол, има малку јаглехидрати, калории и шеќер. Покрај тоа, во млекото од ленено семе нема да најдете заситени масти или транс масти, туку само здрави омега 3 масни киселини.

831

Лененото семе е едно од најлековитите семиња во светот, бидејќи е полно со хранливи материи, па затоа млекото од лененото семе е совршен избор за внесување во секојдневната исхрана.
Лененото семе е богато со калиум, влакна и омега 3 масни киселини.

Поради својата структура, ова семе ќе ве засити без да добиете грам масти.
Се проценува дека околу три четвртини од светската популација е нетолерантна на лактоза. За луѓето кои имаат проблеми со варењето на лактозата, не постои некоја алтернатива за млеко кое не е базирано на растително потекло.






Повеќе за ова, како и рецепт за да направите млеко од ленено семе, побарајте на порталот „Арт кујна“.

 

Поврзани содржини
na