КРИПТОМИЛИЈАРДЕРОТ КОЈ ЌЕ РАЗДАДЕ СЀ За себе задржува само 1 отсто од богатството
И покрај тоа што води глобална берза за криптовалути вредна повеќе милијарди долари, 30-годишникот вози Тојота Корола, живее како студент и има за цел да заработи што е можно повеќе пари за да има повеќе да донира. Не поседува скапи работи, бидејќи, како што вели, не гледа „преголема вредност“ во купувањето работи.
Сем Бенкмен-Фрид (30), вториот најбогат криптомилијардер во светот и 60-ти најбогат човек на планетата, според најновата листа на магазинот Форбс, планира да донира 99 отсто од своето богатство кое се проценува на 24 милијарди долари. За себе тој ќе задржи „доволно пари за да одржи удобен живот“, односно околу 100.000 долари годишно, пишува Нова.
Сем Бенкмен-Фрид живее на Бахамите, каде што планира да изгради комплекс со поглед на океанот кој ќе вработи 1.000 луѓе, кои ќе ја работат неговата берза за криптовалути FTX. Во моментов, неговата компанија е сместена во еднокатна зграда во близина на аеродромот во градот Насау.
Бели чорапи да, јахта никако
Според Блумберг, неговите канцеларии моментално изгледаат „како никој да нема време да се распакува“. Масите се означени со лепливи белешки со имињата на вработените, а тој се шета низ канцеларијата во бели чорапи.
И покрај тоа што води глобална берза за криптовалути вредна повеќе милијарди долари, 30-годишникот вози Тојота Корола, живее како студент и има за цел да заработи што е можно повеќе пари за да има повеќе да донира. Не поседува скапи работи, бидејќи, како што вели, не гледа „преголема вредност“ во купувањето работи.
– Брзо останувате без ефективни начини да станете посреќни со трошењето пари. Не сакам јахта -изјави тој за Блумберг.
30 year old crypto billionaire plans to give away his $20 billion fortune 💰
Sam Bankman-Fried drives a Corolla, sleeps on a beanbag, and plans to only keep enough money to maintain a comfortable life (at least $100K/year). pic.twitter.com/ywGV9iDp4V
— My Mixtapez (@mymixtapez) April 5, 2022
Капењето е луксуз, не сака многу да се зближува со луѓето
Неговите пријатели велат дека тој е толку посветен на работата што понекогаш заборава да се капе со денови, спиењето го смета за „непотребен луксуз“, а не се грижи многу за зближувањето со луѓето, бидејќи смета дека тоа за него е губење време.
Минатата година, тој донираше 50 милиони долари за да помогне во борбата против короната во Индија и борбата против глобалното затоплување. Како што вели, неговата цел годинава е да донира милијарда долари.
Кога Русија ја нападна Украина кон крајот на февруари, неговата берза FTX им даде готовина на сите свои украински клиенти, а Банкмен-Фрид лично донираше 250.000 долари за Украина.
Хипикот кој не сакаше да учи
Младиот милијардер, кого американските медиуми нашироко го нарекуваат новиот Марк Цукерберг, своето богатство го стекна преку низа стратешки инвестиции во криптовалути. Прво бил трговец, а потоа ја основал FTX, берза која се занимава со размена на дигитални средства кои овозможуваат купување и продажба на токени како што е Биткоин.
Тој е син на професор по право на Универзитетот Стенфорд, дипломирал на приватно средно училиште во Калифорнискиот Залив и во 2014 година на физика на Технолошкиот институт во Масачусетс (МИТ). За време на колеџот, тој поминувал повеќе време играјќи видео игри отколку на учење, а повеќе се интересирал за моралот и етиката отколку за науката.
– Тоа беше одлично. Бев повеќе хипик, а помалку научник – призна тој еднаш.
Продал биткони во Јапонија за 30 отсто поскапо
По дипломирањето се вработил во финансиската компанија „Џејн стрит капитал“. Тогаш биткоинот го имаше својот прв голем пораст и скокна од 2.500 на речиси 20.000 долари по токен. Банкмен-Фрид виде можност да купи Биткоин во САД во 2017 година и да го продаде во Јапонија за 30 отсто повеќе.
Основал своја берза со само десетина вработени
На крајот на таа година тој поднесе оставка, зеде милион долари што ги заштеди и уште еден милион што ги доби од заем од пријателите и семејството. Со тие пари, тој ја основа Alameda Research, трговска компанија посветена на креирање бизнис-стратегии засновани на математички пресметки.
Во јануари 2018 година, тој ја основа FTX. Во текот на првите денови, FTX работеше од VIVork во Хонг Конг со само десетина вработени. Компанијата растеше толку брзо што набрзо достигна вредност од 18 милиони долари и продаде свој дел од акциите за околу 70 мили