РАКОМЕТАРОТ НА БУТЕЛ СЕ БОРИ ЗА ЖИВОТ Денис Тот бил однесен на КАРИЛ во бессознание

Тот е примен во клиниката во Скопје во бессознание. Од РК Бутел уште доцна синоќа ја потврдија информацијата дека се наоѓа во критична ситуација, иако без детали околу тоа што точно се случило со 27-годишниот Тот.

1,789

Хрватскиот ракометар од тимот на Бутел, Денис Тот, кој денеска почина во Скопје, нема видливи повреди по телото, велат лекарите. Првите информации за ракометарот, од утрово навестуваа дека тој бил брутално претепан во скопскиот ноќен клуб „Привилиџ“.

– На 07.04 во 4 часот изутрина во СВР Скопје е пријавено дека во комплексот клиники Мајка Тереза, било донесено лицето во бесознание. Се работи на расчистување на случајот – ни соопштија од МВР.






Тот е примен во клиниката во Скопје во бессознание. Од РК Бутел уште доцна синоќа ја потврдија информацијата дека се наоѓа во критична ситуација, иако без детали околу тоа што точно се случило со 27-годишниот Тот.

Неговиот брат Борис, за хрватските медиуми потврди дека Денис е во бессознание.

– Нашите родители се на пат за Скопје, но немаме премногу информации што точно се случило. Ќе знаеме многу повеќе во текот на денот – изјави Борис Тот.

Претходно, Агенцијата МИА повикувајќи се на х
рватски медиуми објави дека ракометарот на Бутел, Денис Тот, се наоѓа во критична состојба откако вчера бил претепан во Скопје.

Според порталот „Вечерњи“, хрватскиот ракометар бил претепан во ноќниот клуб „Привилиџ“, а снимките од безбедносните камери биле избришани.

– Инцидентот се случил во ноќниот клуб „Privilege“, а снимките се исбришани. Некој знае што прави, пишува порталот повикувајќи се на лице познато на редакцијата.

Според хрватските медиуми, Денис Тот имал бројни повреди по целото тело, многу фрактури и најверојатно бил удиран со тапи предмети, но и со раце и со нозе.

Родителите на 27-годишниот ракометар допатуваа во Скопје.

Се очекува во текот на денешниот ден, МВР да даде официјални информации за инцидентот.

Поврзани содржини