БИ ДОЕЛЕ ЛИ ТУЃО БЕБЕ? Ѝ понудила на јатрвата да се издојува, но не и да го дои нејзиното бебе
Една млада мајка која има млеко во изобилие, одбила да го дои бебето на нејзината јатрва која нема млеко, а нејзиното бебе не прифаќа никаква замена. Ѝ понудила да се издојува, но јатрвата инсистира на доење. Што мислите вие, би доеле ли бебе што не е ваше?
Доењето е напорно, особено ако спиете лошо и истовремено се грижите за нервозно, гладно бебе. Една мајка на Редит го споделила својот нетипичен проблем поврзан со доење.
Јатрва на новопечена мајка споделила објава која брзо го привлекла вниманието на заедницата. Таа рекла дека новопечената мајка инсистирала таа да го дои нејзиното дете. Објаснила дека се породила три месеци пред неа и дека има вишок млеко. Тој вишок најмногу го користела за капење на бебето, а остатокот го замрзнала. Новата мајка, нејзината јатрва, немала толку среќа.
„Докторот ѝ рече дека е во ред да го храни бебето со адаптирано млеко, но мојот внук веднаш го плука. Нејзината јатрва пробала различни брендови и типови на вештачко млеко, но нејзиното бебе не прифаќа ништо од тоа. Така, оваа малку поискусна мајка ѝ понудила малку од своето млеко кое го имала во резерва.
Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.