РЕЗУЛТАТИТЕ ОД ПОПИСОТ СЕ ЕДНАКВИ НА ТОАЛЕТНА ХАРТИЈА Со пописот започна процесот на демакедонизација и дехристиjaнизација

До септември се попишале 204.805 нерезиденти во странство. Во март имавме 260.606 попишани, односно околу плус 60.000 попишани во дијаспората. Никаде во светот не постои попис на дијаспора, а кај нас преку Скајп ги попишуваа само за да се крене процентот на Албанците, рече лидерот на Левица, Димитар Апасиев, во синоќешното гостување во емисијата „Јади бурек“.

3,616

Пописните резултати се безвредни и немаат никаква фактична или правна вредност, рече пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев, во синоќешното гостување во емисијата „Јади бурек“.

Тој наведе низа спорни податоци, кои, според него, го прават пописот невалиден.






– Прво, направен е упад во базата на податоци и промена на бројките од пописот. Второ, Општина Аеродром како најгусто населена општина со пописот има зголемување само за 3.000 жители. па само во мојата зграда и во околните нови соседни згради има 3.000 жители. Од 2015 до 2019 година бројот на нови станови во Аеродром е 5.000 или грубо околу 20.000 нови жители на населбата. Трето, статистичка грешка за пописот не може да биде проценка, туку фактичка ситуација. Светски стандард е плус или минус 2,5 проценти можност за грешка. Сето она што е над 2,5 проценти го прави пописот за неважечки. Кај нас грешката е 7.2 проценти, додека заедно со дијаспората е 21.5 проценти. Тоа значи дека непопишани се околу 405.000 луѓе од дијаспората и 132.000 кај нас – рече Апасиев.

Тој потсети дека дијаспората се попишувала 7 месеци наместо 40 дена.

– До септември се попишале 204.805 нерезиденти во странство. Во март имавме 260.606 попишани, односно околу плус 60.000 попишани во дијаспората. Никаде во светот не постои попис на дијаспора, а кај нас преку Скајп ги попишуваа само за да се крене процентот на Албанците – истакна Апасиев.

Лидерот на Левица обвини дека со пописот е започнат процесот на демакедонизација и дехристиjaнизација.

– Бројот на македонски државјанства се 54%, Албанци 16,9% издадени, со што се обидуваат Македонците да се сведат на етничка заедница. Започнат е процесот на дехристиjaнизација. Односно, минимум 250.000 православни ги збуниле со зборот христијани, па така за прв пат бројот на православните е паднат на толку ниско ниво. И тоа делува на психа – рече Апасиев.

Поврзани содржини