ГРКОВСКА МУ ДАДЕ ПИСМЕНА ОПОМЕНА ЗА ТУПАНЧЕВСКИ Го прекршил Етичкиот кодекс за избрани и именувани функционери

537

Вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска му напишала писмена опомена на министерот за правда Никола Тупанчески за кршење на Етичкиот кодекс за избрани и именувани функционери, за гратис патувањето и картата во вип-ложата на натпреварот меѓу Италија и Македонија во Палермо, објави СДК.мк.






Иако сите јавни функционери од Македонија во ложата таа вечер беа на покана на Фудбалската федерација на Македонија, сепак министер во вакви случаи, и да биде специјално поканет, ги крши член 12 и 17 од Кодексот за етичко однесување за членовите на Владата и носители на јавни функции именувани од страна на Владата.

Грковска го укорува Тупанчевски и зошто не и одговорил на јавноста веднаш.

 

Поврзани содржини