ЛИГЊИТЕ ЈА МЕНУВААТ БОЈАТА КАКО КАМЕЛЕОНИ Науката потврди, сакаат да се вклопат во средината (ВИДЕО)
Лигњите обично „лебдат“ на отворено море, но сакавме да откриеме што се случува кога ќе се приближат малку поблиску до коралниот гребен или ако ги брка предатор до дното на океанот - објасни д-р Рјута Накаџима, еден од тројцата автори на студијата.
За прв пат во науката, се докажа дека лигњите ја менуваат својата боја за да се вклопат во нивната околина. Можеби ќе се запрашате како на научниците им требаше толку време за да се уверат во ова однесување, но кога ќе видите колку тоа изгледа природно, ќе се прашате како никој не го забележал порано, пишува ИФЛ Наука.
Претходно се веруваше дека октоподите и сипите се единствените цефалоподи способни да се камуфлираат во околината, но студијата објавена во Scientific Reports сега ги додава и лигњите на списокот. Откритието било направено во лабораторија каде што истражувачите ги набљудувале животните како се обидуваат да се вклопат во бојата на нивното куќиште.
The color changing squid | 色を変えるツツイカ from OIST on Vimeo.
– Лигњите обично „лебдат“ на отворено море, но сакавме да откриеме што се случува кога ќе се приближат малку поблиску до коралниот гребен или ако ги брка предатор до дното на океанот – објасни д-р Рјута Накаџима, еден од тројцата автори на студијата.
Малкумина научници досега имале можност да го проучат однесувањето на лигњите на морското дно, а од друга страна, тешко е лигњите да се одржат во живот кога се во лабораторија. Ова спречило многу експерименти во минатото.