ХАКИРАН САЈТОТ НА ГАЗПРОМ НЕФТ Била прикажана лажна изјава за војната во Украина
Откако сајтот бил хакиран, директорот Алексеј Милер дава друга, изменета изјава. Сега тој ја критикува Русија што испратила десетици илјади војници во Украина, каде досега се убиени илјадници војници и цивили. Набргу потоа, веб-страницата престанала да работи.
Веб-страницата на „Газпром Нефт“, огранок на рускиот државен гасен гигант „Газпром“ денеска падна по очигледно хакирање. Ова е изгледа последен од неколкуте напади на руски сајтови поврзани со владата, пишува Ројтерс.
Веб-страницата накратко прикажа изјава за која се тврди дека е од извршниот директор на „Газпром“, Алексеј Милер, близок соработник на претседателот Владимир Путин. Милер минатиот месец ги повика 500.000 вработени во гасниот гигант да се соберат околу Путин за да ја зачуваат Русија како голема сила наспроти странското непријателство.
Откако сајтот бил хакиран, Милер дава друга изменета изјава. Сега тој ја критикува Русија што испратила десетици илјади војници во Украина, каде досега се убиени илјадници војници и цивили. Набргу потоа, веб-страницата престанала да работи.
„Информациите објавени на страницата утрото на 6 април… не се вистинити и не можат да се сметаат за официјална изјава на претставниците на компанијата или акционерите“, соопшти „Гасзпром Нефт“.
Портпаролот на „Газпром“ ја отфрли изјавата на веб-страницата како бесмислица.
Слично на ова, во февруари, веб-страницата на државната новинска агенција ТАСС беше хакирана за да се прикаже порака во која се повикува Москва да ја прекине, како што ја нарекува, својата „специјална операција“ во Украина.