ВУЧИЌ ИМАЛ ТРЕМА ПРЕД ИЗБОРИТЕ Ако не освои 60 отсто од гласовите, српскиот претседател ќе биде тажен
Вучиќ додаде дека е „горд“ на работата на актуелната премиерка Ана Брнабиќ и оти наводите што се појавуваат во „одредени медиуми“ дека тој снима видеа против неговите политички противници се „лаги“, јави Бета
Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека „има трема“ пред изборите в недела, но очекува повеќе од два милиона гласови во првиот круг.
– Сега можеби имам најголема трема за изборите од кога било досега … Би бил тажен ако не освојам 60 проценти – рече тој.
Во изјава за РТС Вучиќ додаде дека доколку победи на изборите ќе разговара за продолжување на соработката со коалициските партнери, но и ќе разговора со други партии.