ЛАНСИРАМ САТЕЛИТИ ПОБРЗО ОДОШТО ПУТИН БИ ГИ СОБОРИЛ Илон Маск се пофали со својата „флота“ во Старлинк

Се чини дека луѓето сакаат да ја заборават тековната граѓанска војна во Јемен и другите земји, која однесе безброј милиони животи и предизвика долгорочна нестабилност, недостиг на храна и бегалски кризи, рече Маск, запрашан за војната во Украина.

2,962

Милионерот и веројатно, идниот прв трилионер во светот, Илон Маск во интервју за БизнисИнсајдер се пофали дека неговата компанија Старлинк, може да лансира сателити за интернет во вселената побрзо одошто Русија би можела да ги соборува, пишува Футуризам. Маск е познат по тоа што го повика на двобој рускиот претседател Владимир Путин на Твитер, а дури ни Твитер не му е доволен, па размислува да отвори своја социјална мрежа.

– Ако се обидете да го отстраните Старлинк, тоа не е лесно бидејќи има 2.000 сателити. Тоа значи многу антисателитски ракети. Се надевам дека нема да мораме да го ставиме ова на тест, но мислам дека можеме да лансираме сателити побрзо отколку што тие(Русите) можат да лансираат ракети за да ги соборат сателитите – рече најбогатиот човек во светот.






Во „озлогласениот“ тричасовен разговор со Матијас Допфнер, Маск призна дека ѝ помага на Украина за време на руската „насилна окупација на земјата“, додавајќи дека некои делови од земјата немаат друг пристап до интернет освен оној на Старлинк.

Војната во Украина зема доста голем дел од интервјуто на Маск.

– Изненадувачки е да се види тоа во денешно време. Мислев дека во најголем дел сме се тргнале настрана од таквите работи (како војната). Ова е загрижувачко – рече тој.

– Се чини дека луѓето сакаат да ја заборават тековната граѓанска војна во Јемен и другите земји, која однесе безброј милиони животи и предизвика долгорочна нестабилност, недостиг на храна и бегалски кризи – додаде Маск.

За некои Илон Маск е само медиумска ѕвезда, но изгледа војната го поттикнала да размислува.

– Мислам дека можам да бидам корисен во конфликти. Се обидувам да преземам збир на активности кои најверојатно ќе ја подобрат веројатноста дека иднината ќе биде добра. И очигледно понекогаш правам грешки во овој поглед. Го правам сето она што мислам дека е најверојатно за да се осигура дека иднината е добра за човештвото. Тоа се активностите што ќе ги преземам – му рекол тој на Допфнер.

Поврзани содржини