КЕЈТ И ВИЛИЈАМ НА КАРИБИТЕ Војвотката во сандали кои никогаш не ги носи во присуство на кралицата (ФОТО)

Кралската двојка во првите денови од турнејата го посети Белизе, живописното село Хопкинс.

2,276

Принцот Вилијам (39) и Кејт Мидлтон (40) во моментов се на турнеја по Карибите. Војводата и војвотката од Кембриџ се таму во чест на платинестиот јубилеј на кралицата Елизабета (95), но и за зајакнување на политичките врски на Обединетото Кралство со земјите на Комонвелтот.

 







Кралската двојка во првите денови од турнејата го посети Белизе, живописното село Хопкинс, каде можеа да дознаат повеќе за производството на какао, да ја вкусат локалната кујна, но и да заиграат традиционални танци на песок заедно со домаќините.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Leticia 🥀 (@middletonduchess)

Кејт за оваа пригода избрала лелеаво син фустан со цветен дезен од американската дизајнерка Тори Бурч. Во половината е тесен, а ракавите се малку нагласени. На Карибите температурите во овој дел од годината достигнуваат и до 30 степени Целзиусови, па овој фустан од памук е повеќе од идеален.

Фустанот го надополни со беж плетени сандали на платформа со потпис на Стјуарт Вајцман. Со овие сандали од десет сантиметри таа визуелно ги продолжила нозете, но и целата фигура. Инаку, војвотката од Кембриџ претпочита да носи ваков тип на обувки во топлиот дел од годината, но никогаш во близина на кралицата Елизабета Втора.

 

 

Иако не постојат официјални правила за обувките што мора да се носат за време на протоколарните обврски, кралицата не е љубител на чевлите со платформи. Затоа, сите жени во семејството избегнуваат да ги носат во нејзино друштво, открија извори блиски до палатата Кенсингтон.

 

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини