НА ДЕНОТ НА СРЕЌАТА ТРИ ЛАВЧИЊА СЕ РОДИЈА ВО СКОПЈЕ Граѓаните ќе им ги дадат имињата
Градот Скопје ги известува сите љубители на животни и посетители на ЗОО – Скопје, дека во идниот период ќе имаат прилика да учествуваат во давањето имиња на трите лавчиња.
Денеска на 20-ти март Денот на среќата, на задоволство на сите граѓани, информираме за убави вести. По повеќе од 20 години во скопската Зоолошката градина се родија три лавчиња, информираа од зоолошката градина во Скопје.
Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, денеска беше на увид во живеалиштето на лавчињата.
– Ова е една од најубавите работи кои се случиле во Зоолошката градина во Скопје, лавчињата се одлично згрижени, а вработените во Зоолошката градина со професионалност и внимание се грижат за мајката и малите да се безбедни и да ги имаат сите услови во внатрешното живеалиште каде што се постојано набљудувани – истакна градоначалничката Арсовска.
Градот Скопје ги известува сите љубители на животни и посетители на ЗОО – Скопје, дека во идниот период ќе имаат прилика да учествуваат во давањето имиња на трите лавчиња.
– Лавчињата се стари само неколку дена, а посетителите ќе имаат можност да ги видат кога ќе бидат доволно возрасни да можат самостојно да се движат низ надворешното живеалиште – истакна директорот на Зоолошката градина – Скопје, Кристијан Стаменов.