ИСЧЕЗНА УКРАИНСКА НОВИНАРКА Од телевизијата велат дека ја киндапирале Русите
Украинската комесарка за човекови права Људмила Денисова денеска изјави дека владата верува дека Рошчина е киднапирана во градот Бердјанск, кој исто така е под руска окупација на брегот на Црното Море.
Украинската телевизија Хромадске објави дека нивната новинарка Викторија Рошчина исчезнала на југоистокот на земјата. Тие веруваат дека ја држат руските сили. Последен пат за неа слушнале на 12 март, ден откако објавила напис од градот Енерходар, кој беше окупиран од Русија.
Украинската комесарка за човекови права Људмила Денисова денеска изјави дека владата верува дека Рошчина е киднапирана во градот Бердјанск, кој исто така е под руска окупација на брегот на Црното Море. Си-Ен-Ен наведува дека Хромадске е мала телевизиска станица која почнала да работи во 2013 година, а е поврзана со протестите на Мајдан во Киев кои започнаа таа година.
Our journalist Victoria Roshchyna is held captive by the Russian occupiers. She was reporting from hotspots in Eastern and Southern Ukraine since the beginning of the Russian-Ukrainian war. On March 12, we couldn’t contact Victoria 1/3 pic.twitter.com/4728hwDs72
— Hromadske Int. (@Hromadske) March 18, 2022
Исчезнувањето на оваа новинарка беше пријавено во време кога други активисти и функционери известуваат дека биле приведени против нивна волја во делови на Украина кои ги држи руската армија. Според организацијата за човекови права ЗМИНА, од почетокот на војната руските сили во Украина привеле околу 17 лица.