СО СПАСОВСКИ МОЖЕ И ПОЛОШО Петрушевски вели дека криминалот метастазираше

Ако мислевме дека видовме се од неспособноста на Спасовски до сега, од делење на 215 пасоши на белосветски криминалци, до фаќање на полициски началник со дрога од страна на американската ДЕА, сега во овие 60 дена гледаме дека Спасовски може и полошо - рече Петрушевски.

359

Поминаа 60 дена откако Оливер Спасовски беше реизбран за министер за внатрешни работи, а овие 60 дена криминалот буквално метастазираше. Впрочем како што и претходните 4 години мандат на Спасовски во МВР царуваше криминалот, така, па и уште полошо, продолжи во овие 60 дена. Вака пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски ја започна денешната прес-конференција, чиј фокус е министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

– Ако мислевме дека видовме се од неспособноста на Спасовски до сега, од делење на 215 пасоши на белосветски криминалци, до фаќање на полициски началник со дрога од страна на американската ДЕА, сега во овие 60 дена гледаме дека Спасовски може и полошо – рече Петрушевски.






Според него од јануари до денес на територија во Скопје имаме преку 50 разбојнички кражби како од криминалистичките филмови.

– Буквално во секоја општина секојдневно криминалците пљачкаат со употреба на калашникови, сред бел ден ограбуваат продавници, банки, обложувалници, приватни бизнисмени, куќи, легнуваат вработени по земја, ги тепаат, ги малтерираат и со парите си одат како ништо да не било. Таков беше и последниот случај со ограбувањето на банка во Скопје во кој учествувале полицаец и наркобос кој требало да биде во куќен притвор – додава во своето обраќање пратеникот Петрушевски.

Тој потенцираше дека Спасовски треба да каже зошто криминалците се чувствуваат вака слободни и заштитени да прават дрски вооружени грабежи.

Според неговите зборови на ниво на цела Македонија за само два месеци има над 3.500 кривични настани и тешки кражби каде Битола и Велес водат по сите параметри, или ако сакате попрецизно за овој период од два месеци само во Скопје имало 516, во Битола 300, Велес 110 тешки кражби и илјадници други дела.

– Ова е неуспехот на Спасовски. Ова е цената која граѓаните ја плаќаат поради неспособноста на Спасовски. Спасовски е одговорен зошто во Македонија наместо владеење на правото гледаме дивеење на криминалот. Спасовски е одговорен зошто дел од полицијата е во коалиција со криминалот, а дел е нем сведок на зулумот кој се случува – изјави пратеникот Петрушевски.

Поврзани содржини