10 ЗАГИНАТИ ВО ЧЕРНИГОВ Русите пукале во луѓето кои чекале на ред за леб?

Во соопштението објавено на Твитер и Фејсбук, Амбасадата на САД не ги наведе доказите или изворите на своето тврдење.

395

Американската амбасада во Киев денеска соопшти дека руските сили убиле десет луѓе додека чекале ред за леб во украинскиот град Чернигов.

Во соопштението објавено на Твитер и Фејсбук, Амбасадата на САД не ги наведе доказите или изворите на своето тврдење.






– Руските сили денеска пукаа и убија 10 луѓе кои стоеја во ред за леб во Чернигов. Таквите ужасни напади мора да престанат. Ги разгледуваме сите можни опции за да обезбедиме кривична одговорност за ужасните злосторства во Украина – наведува амбасадата на САД во Украина.

Руската страна, која ги отфрла обвинувањата дека цивили се мета на напади на руската војска во Украина, досега не ги коментираше овие тврдења.

Поврзани содржини