ЗОШТО МОЌТА ГИ ПРИВЛЕКУВА ПСИХОПАТИТЕ На највисоките места се луѓе со психопатски тенденции
Луѓето кои се на значајни и високи позиции често пати покажуваат психопатски тенденции, а науката открива и зошто е тоа така.
Како толку многу психопати се пробиле на позиции на моќ без да бидат откриени? Новото истражување открива дека луѓето со психопатски тенденции, кои имаат висок коефициент на интелигенција, можат успешно да го сокријат својот вистински идентитет. Ова објаснува како луѓето кои се ризични и опасни достигнуваат моќни лидерски позиции.
Овие заклучоци доаѓаат од студија објавена во списанието за судска психијатрија и психологија (Journal of Forensic Psychiatry and Psychology), инспирирана од невообичаено голем број психопати меѓу менаџерите (Бејт и соработниците, 2014). Резултатите покажуваат дека додека психопатите сочинуваат 1% од општата популација, нивниот број расте на 3% меѓу менаџерите. Керолин Бејт, една од авторките на студијата, вели:
„Мое мислење е дека тоа може да се објасни со интелигенција, но може да стане проблем доколку дојде до зголемување на бројот на психопати на високи позиции. Бројката може да биде поголема од 3%, бидејќи ако луѓето се свесни за нивните психопатски тенденции, тие можат да лажат – тие се многу манипулативни и немаат емпатија“.
Психопатите во општеството и на високите позиции се сосема различни од ужасната слика за психопатите што постои во медиумите, објаснува Бејт:
„Оние кои се на лидерски позиции често се шармантни и интелигентни, но со емоционални недостатоци, наспроти импулсивните психопати кои се извршители на ужасни злосторства и кои често се апсат и затвораат.“
За да ја тестираат оваа идеја, истражувачите дадоа на група луѓе стандарден тест за психопатија. Тие, исто така, им покажале серија слики за да го испитаат нивото на емпатија, додека ја измериле нивната галванска реакција на кожата за да добијат податоци за емоционалната реакција.
Просечните или високоинтелигентните психопати успеале да ја контролираат реакцијата на кожата, па резултатите од нивниот тест биле нормални. Додека психопатите со ниско ниво на интелигенција покажале абнормални реакции – типични за психопатите.
Можно е благодарение на оваа техника – преправајќи се дека ги имаат истите реакции како другите луѓе – но и со некои други техники, високоинтелигентните психопати успеале да се вклопат со другите.