ЗОШТО ТРУДНИЦИТЕ ТРЕБА ДА КОНСУМИРААТ ЈАТКАСТИ ПЛОДОВИ? Ново истражување за ефектите од исхраната
Резултатите од новото истражување покажале дека децата на мајките кои јаделе јаткасти плодови во првото тримесечје од бременоста имаат подобри когнитивни функции, посилна концентрација и долгорочна меморија.
Консумирањето јаткасти плодови за време на бременоста влијае на развојот на мозокот на бебето и ги подобрува нивните когнитивни способности, објавија шпанските истражувачи.
Мајките пополнувале анкети во првото и третото тримесечје од бременоста, а истражувачите правеле тестови за моторните и интелектуалните способности кога децата имале една и пол, 5 и 8 години.
Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.