ЉУБОВТА Е ДРОГА Раскинувањето е како „кинење“ од дрога

Ние стануваме зависни од нашиот поранешен партнер и почнуваме да копнееме по него, исто како што зависниците копнеат за дрога.

124

Раскинувањето на врската во повеќето случаи е исклучително тешко, но добрата работа е што постојат методи кои можат да ви помогнат да се чувствувате подобро.

Психологот Гај Винч во книгата „Како да го поправите скршеното срце“ открил дека раскинувањето многу влијае на нашата психа.






„Магнетната резонанца покажа дека раскинувањето на врската може да се изедначи со тешкотиите низ кои поминуваат зависниците кога се обидуваат да се ослободат од некој порок. „Двете ситуации во човечкиот мозок ги активираат истите молекуларни „механизми““, изјави тој.

Поради ова, ние стануваме зависни од нашиот поранешен партнер и почнуваме да копнееме по него, исто како што зависниците копнеат за дрога.

Го идеализираме до тој степен што мислиме дека никој нема да може да го замени.

Винч наведе шест совети кои конечно ќе ви помогнат на здрав начин да ја преболите личноста што некогаш сте ја сакале.

Не проверувајте што прави на социјалните мрежи. Ова може само дополнително да ве вознемири.

Обидете се да размислите логично за причините за раскинувањето. Не измислувајте заговори и не се обидувајте  да го повредите. Помирете се со фактот дека тоа едноставно не беше личноста за вас.

Направете листа на ситуации во кои моравте да направите компромис за да знаете што дефинитивно не сакате да го повторите во следната врска.

„Натерајте сè“ да се вратите на активностите кои порано ве правеа среќни. Важно е да воспоставите нова рутина за да продолжите со животот.

Отстранете сè е што ве потсетува на болната врска. Тоа може да бидат писма, фотографии и слично.

Контактирајте со вашите пријатели и дозволете им да ви помогнат. Секој од нас се сретнал со овој проблем и може да понуди совети кои секако ќе бидат корисни.

Поврзани содржини