ПОЛСКА СЕ ПЛАШИ Русија може да нѐ нападне нас, Финска и Балтичките земји

Путин ќе сака да ја развие својата агресивна политика, својата окупација - изјави Матеуш Моравјецки, велејќи дека „ни треба силна европска армија“.

719

Полскиот премиер изјави дека стравува од руски напад врз неговата земја, Финска или балтичките земји и ја повика Европа да ги удвои трошоците за одбрана по инвазијата на Москва врз Украина.

– Путин ќе сака да ја развие својата агресивна политика, својата окупација – изјави Матеуш Моравјецки за францускиот дневен весник Ouest-France.






– Почна во Грузија, сега Украина – додаде тој.

– Следна цел би можеле да бидат балтичките земји, Полска, Финска или други земји на источното крило.

Моравјецки изјави дека „ни треба силна европска армија“.

Поврзани содржини