ОПОЖАРЕН АВТОМОБИЛОТ НА ДИРЕКТОРОТ НА ССМ Ми се закануваа да поднесам оставка
Кон мене имаше закана да поднесам оставка од здравствени причини. Јас навистина се чувствувам во полна здравствена кондиција и не чувствувам потреба дека треба да поднесам таква оставка. И доколку нели, не го сторам тоа, дека, знаете, ќе ви се случи она, имате ветувања од ваков или онаков тип, вели Ангелоски.
– Изминатата ноќ во 1:30 часот е запалено возилото на нашата извршна директорка, кое е во директна реалција со претходното писмо, каде што на еден експлицитен начин се дадени рокови, ултиматуми како треба да се однесува, како треба да постапи на одредени лица кои го упатиле ова – изјави Трајан Ангелоски, Претседател на Сојуз на стопански комори.
Ангелоски се сомнева дека позади заканите се кријат лица кои повеќе не се дел од Сојузот. Од него се барало да ја напушти функцијата.
– Кон мене имаше закана да поднесам оставка од здравствени причини. Јас навистина се чувствувам во полна здравствена кондиција и не чувствувам потреба дека треба да поднесам таква оставка. И доколку нели, не го сторам тоа, дека, знаете, ќе ви се случи она, имате ветувања од ваков или онаков тип – вели Ангелоски.
Од ССК велат дека заканите веќе ги истражува полицијата.
МВР направило увид и врз опожареното возило и се преземале мерки за расчистување на случајот.