САД ОДОБРИЈА КОНДОМИ ЗА АНАЛЕН СЕКС Пукаат во помалку од 1 отсто од односите
Новоодобрениот „One Male Condom“ е достапен во стандардни, тенки и во таканаречени „фит“ верзии. „Фит“ е посебна серија која ја има во 54 различни големини, а носителите ќе можат да употребат шаблон од хартија за да си споредат и да ја изберат најдобрата големина. Кондомите се наменети за употреба со лубрикант.
За првпат во историјата одобрен е посебен кондом за анален секс кој пука само во 0,68 отсто од случаите, што ќе рече, во помалку од една во сто ситуации. Американската агенција за храна и лекови(ФДА) овласти компанија да почне со производство. ФДА ги охрабрува и другите фирми за кондоми низ светот да ги достават своите „патенти“, под услов да имаат слична ефикасност, пишува ИФЛ Наука.
The One Male Condom will be the first permitted to use a “safe and effective use” label for reducing sexually transmitted infections during anal sex.https://t.co/qtvVkQBOAJ
— NBC Out (@NBCOUT) February 25, 2022
Тоа што го прави аналниот секс поризичен во однос на вагиналниот и оралниот е поголемата изложеност на сексуално преносливи болести. За да го тестираат кондомот, научниците испитале 252 мажи кои имале секс со жени и исто толку мажи кои имале секс со жени. Ефикасноста кај аналниот секс меѓу маж и жена, сепак, била малку помала и изнесува 1,89 отсто, или пукање на гумата во скоро 2 од сто случаи.
– Овластувањето кое ФДА го даде за кондомот за анален однос може да ја зачести веројатноста дека во иднина луѓето повеќе ќе употребуваат кондоми за време на аналниот однос – рече докторката Кортни Лиас, директорка на Канцеларијата за гастроренална општа болница на ФДА.