УКРАИНЦИТЕ ФРЛИЈА 160 ГРАНАТИ ВО ДОНБАС Отворен е оган во пет населени места

Во изминатите 24 часа ситуацијата на фронтот со Донбас значително ескалира. Непријателот по директна наредба на воено-политичкото раководство на Киев се обидува да го ескалира конфликтот, изјави Јан Лешченко од Луганската Народна Република.

3,277

Украинската армија со 160 гранати погодила пет населени места во про-рускиот регион Донбас, потврдија претставници од самопрогласената Луганска Народна Република. Според Јан Лешченко, шеф на Одделот на народната милиција, од 3 ипол часот по средноевропско време, украинската армија истрелала минофрлачи од 120 и 82 милиметри, гранати и тешки митралези кон населбите Сокољники, Золото 5, Весјоленко, Нижне Лозово и Доњецк, кои се под контрола на Луганск, пишува Телеграф.

– Во изминатите 24 часа ситуацијата на фронтот со Донбас значително ескалира. Непријателот по директна наредба на воено-политичкото раководство на Киев се обидува да го ескалира конфликтот – изјави Лешченко.






Дека имало отворен оган потврди и агенцијата Доњецк.

„Истрелани се околу 160 гранати со калибар поголем од 12,7 мм“, пренесуваат тие.

Украина, од друга страна, ги демантираше овие изјави.

– И покрај фактот што нашите позиции беа цел на забрането оружје, вклучително и артилерија од 122 милиметри, украинските војници не отворија оган како одговор – изјави за Ројтерс портпаролот на операцијата на здружените сили на Украина.

Поврзани содржини