ВАКА ИЗГЛЕДА ИДНАТА ВИЛА НА ПУТИН Роман Власов му го предложил својот дизајн (ВИДЕО)

За разлика од органските брановидни форми на делата на Власов, овојпат за Путин тој избрал остри, речиси насилни форми. Можеби тие нѐ враќаат во времето на рускиот конструктивизам. 

1,887

Рускиот, а според некои извори украински архитект Роман Власов ја претстави пред јавноста својата предлог куќа за рускиот претседателот Владимир Путин која е замислено да се изгради во Сочи. Можеби најчудното нешто во дизајнот се огромната висина и ногарки на кои вилата стои, а кои дефинитивно успеале да ги зачудат и фановите на Параметричка Архитектура, фејсбук-страна на која се објавуваат најновите пикантерии од градителската авангарда.

За разлика од органските брановидни форми на делата на Власов, овојпат за Путин тој избрал остри, речиси насилни форми. Можеби тие нѐ враќаат во времето на рускиот конструктивизам.






Инаку, Власов добро се снаоѓа во параметрицизмот, нов стил на денешницата. Еве некои од неговите градби кои органски се слеваат во своето опкружување.

 

Поврзани содржини