АМЕРИКАНСКАТА ВОЈСКА НЕ Е СПОСОБНА ДА ВОЈУВА СО РУСИЈА Поранешен маринец открива каква е состојбата во армијата

Американската авантура по Блискиот Исток трае 20 години. Борбите во Авганистан, Ирак и во Сирија, создавоа војска која повеќе не е способна да се бори со противник кој е на исто ниво.

2,077

Војна со Русија ќе доведе до огромни загуби во редовите на американската војска. Во текот на 80-тите години од минатиот век, во редовните вежби на армијата, проценките одеа дека и со загуби од 30 до 40 отсто на жива сила битката треба да ја продолжиме, бидејќи така ќе изгледа борбата со Советите. Но тогаш ние бевме способни да ѝпарираме на моќта на советската армија, по бројот на војници, по структурата и можностите. Но, тоа повеќе не е случај, вели Скот Ритер, поранешниот разузнавачки офицер во Корпусот на маринците на американската воена морнарица.

Ритер прави проценка на актуелната состојба во Украина и можниот судир на САД и НАТО со Русија. Тој вели дека во било кое сценарио, Американците заедно со своите сојузници не можат да се надеваат на триумф. Главна причина за тоа е очигледнот пад на моќта на армијата на САД.






– Американската авантура по Блискиот Исток трае 20 години. Борбите во Авганистан, Ирак и во Сирија, создавоа војска која повеќе не е способна да се бори со противник кој е на исто ниво. Оваа реалност беше покажана и во студијата презентирана од 173-тата падобранска бригада на армијата, со која се потврдува дека нашите трупи во Европа се необучени и недоволно екипирани за конвенционална борба со руската армија – додава Ритер.

Тој смета дека фронтот на евентуалната војна, покрај во Украина би се одвивал и на делови од Полска, Литванија и Романија. Во тој случај американската авијација не би можела да обезбеди доминација во воздухот, па на Русите ќе им биде лесно да ги уништат аеродромите и безбедносните инсталации на НАТО. Потоа, наведува Ритер, нема да постои сила која ќе може да им се спротивстави на налетот на руските оклопни возила, кои и во времето на Студената војна биле нерешлива енигма за сојузниците од НАТО.

Поврзани содржини