СЕ РАЗВЕДУВА НАЈЗГОДНИОТ АКТЕР Ја изневерил сопругата со 80 жени (ФОТО)

Латино заводникот никогаш не криел дека ѝ е неверен на сопругата, и тоа со стотици жени, а гласините за нивниот развод кружат откако се венчаа.

2,351

Актерот Вилијам Леви на својот инстаграм профил објави дека по 18 години брак се разведува од сопругата Елизабет Гутиерез.

Латино заводникот никогаш не криел дека ѝ е неверен на сопругата, и тоа со стотици жени, а гласините за нивниот развод кружат откако се венчаа.

 







Елизабет отсекогаш му простувала на Вилијам за неверството, а заедно ги имаат синот Кристофер и ќерката Кајли. Во последно време оваа брачна двојка ретко излегува во јавноста, а на социјалните мрежи имаат само неколку заеднички фотографии.

– Сакаме да ве информираме дека одлучивме откако добро размисливме, на нашата врска ѝ дојде крајот. Но, ние ќе продолжиме да бидеме најдоброто семејство што постои и да бидеме најдобри родители на нашите деца. Тоа никогаш нема да се промени – напишал латино заводник во објавата која набрзо ја избришал.

Но, дека нивната одлука е конечна, потврдли со ново соопштение.
„Време е за ново поглавје во мојот живот“, напишал тој накратко.

 

Двојката е во брак од 2003 година. Имале бројни подеми и падови, а сето тоа поради гласините дека Вилијам ѝ бил неверен на својата сопруга. Тамошните медиуми тврдат дека Вилијам ја изневерил Елизабет со повеќе од 80 жени.

 

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини