ФУЧИ КОВИДОТ, ВО ВТОРНИК ПАК ДА ЧЕКАМЕ ДВЕИЛЈАДАРКА Денеска 1.254 нови случаи, 21 починати
Од вкупниот број на позитивни, регистрирани се 169 реинфекции.
Согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа направени се 5.082 тестови, а регистрирани се 1.254 нови случаи на КОВИД-19. Во истиот период се регистрирани и 21 починато лице и 28 оздравени пациенти.
Од вкупниот број на позитивни, регистрирани се 169 реинфекции.
Од вкупниот број на починати лица, девет лица биле целосно вакцинирани, а 20 имале коморбидитети.
Досега во земјата се направени вкупно 1.785.054 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 268.191, бројот на оздравени пациенти е 239.694, на починати е 8.383, додека бројот на активни случаи изнесува 20.114.