СООБРАЌАЈКА КАЈ ПРОБИШТИП Тројца тешко повредени

286

На 29.01.2022 околу 14.40 часот на регионален пат Р-1205, во близина на местото Лезовска чешма во Пробиштип, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел омега“ со пробиштипски регистарски ознаки, управувано од Р.П.(61) од Пробиштип, патничко возило „опел вектра“, со бугарска национална ознака управувано од Љ.Н.(41) од Пробиштип и патничко возило „опел корса“ со кочански регистарски ознаки управувано од С.С.(42) од Кочани.

Во несреќата Љ.Н. и Р.П. се здобиле со тешки телесни повреди, додека сопатникот од возилото „опел омега“, И.С.(50) од село Неокази, пробиштипско, се здобил со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница во Штип.

Поврзани содржини