ЏЕФ БЕЗОС ЌЕ ГО БАРА ЛЕКОТ ЗА БЕСМРТНОСТА Двајца Нобеловци ќе му помагаат

Главната мисија на стартапот „Алто лабс“ е „да постигнат биолошко репрограмирање, метод кој во основа ги подмладува клетките откако ќе остарат.“ Теоретски, ова би требало да значи дека клетките ќе може да го „поправаат“ вашето тело како што старее, па дури и да лекуваат болести поврзани со годините како деменцијата.

2,680

Контроверзниот милијардер Џеф Безос, еден од десетте најбогати луѓе во светот, ќе го бара лекот за вечниот живот, а во неговата потрага ќе мора да открие зошто стареат клектите, односно зошто наместо да се размножуваат и да се делат по 50 пати, тие кај старите луѓе го прават тоа само околу 20 пати. Тој дури основал стартап под името Алто Лабс, а двајца Нобеловци ќе работат за него, пишува Футуризам.

Првиот, Хал Барон ја доби Нобеловата награда за медицина во 2012 година за работа на стем клетките. Вториот научник е жена, Џенифер Дудна, исто така добитничка на наградата во 2020 година за нејзината работа со генетски инженеринг и КРИСПР техниката со која буквално можат да се уредуваат човечките гени. Во тимот ќе биде и д-р Шинја Јаманака.






Главната мисија на стартапот „Алто лабс“ е „да постигнат биолошко репрограмирање, метод кој во основа ги подмладува клетките откако ќе остарат.“ Теоретски, ова би требало да значи дека клетките ќе може да го „поправаат“ вашето тело како што старее, па дури и да лекуваат болести поврзани со годините како деменцијата.

Потрагата по елискирот на младовечноста е сама по себе контроверзна тема, а нејзин голем гласноговорник беше Обри Де Греј, кој беше обвинуван за своите мотиви. На некои луѓе едноставно не им се допаѓа идејата за вечно живеење. Но, според Де Греј, кој има издадено неколку трудови на оваа тема, вечниот живот е неминовна реалност и во иднината, ќе го имаме првиот човек кој ќе доживее и 1.000 години.

Според некои процени, сите оние што во моментов имаат под 40 години еден ден ќе ја имаат шансата да користат лекарства за продолжување на животот. Секако, тие веројатно ќе бидат толку скапи што, барем за почеток, ќе може да ги користат само ултрабогатите луѓе.

Поврзани содржини