СЕ ИЗНАСЛУШАВМЕ ПАУШАЛНИ ОДГОВОРИ ОД СДСМ Општината Гази Баба е оштетена за 2 милиони евра
Како е можно за само 103 дена да се исцрпат 11 милиони денари договори за поставување нови линии и тековно одржување на уличното осветлување, порача Арсовски.
Цели три дена слушаме паушални одговори од Борис Георгиевски, а неговата матична партија СДСМ не спомена ниту збор за да го одбрани. За само шест месеци во период од мај до октомври 2021 година Босрис Геогриевски како градоначалник на општина Гази Баба склучил договори за улично осветлување во висина од 2 милиони евра, и тоа со две фирми, вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски.
– Има неколку симптоматични постапувања во овие договори кои што треба да бидат ревидирани од општинската власт и затоа сме тука пред општината да ги повикаме да го сторат тоа. Како е можно за само 103 дена да се исцрпат 11 милиони денари договори за поставување нови линии и тековно одржување на уличното осветлување – порача Арсовски.
Тој не е сигурен дали и Надзорниот орган правилно ја завршил проценката на сработениот проект.
– Дали соодвествува фактичката состојба со записниците од надзорот и дали е се онака како што е пријавено дека е сработено од изведувачот? Додека се сè уште активни овие договори не се исцрпени во август, општина Гази Баба и Борис Георгиевски склучиле нов договор од 1,7 милиони евра за паметно осветлување и менување на старите натриум сијалици со нови паметни лед светилки, и од тука прашауваме зошто е исплатен веднаш авансот од 340.000 евра – прашува Арсовски.