НЕ СЕ ЗНАЕ КОГА ЕСМ ЌЕ ПОЧНЕ ДА УПРАВУВА СО ПАРНОТО ВО СКОПЈЕ Владата го чека текстот на договорот за да го одобри
Министерот за економија Бектеши, пак, пред два дена изјави дека е планирано од 21 јануари ЕСМ да го преземат управувањето со БЕГ и со „Скопје Север“ и најви дека ќе имма парно до 1 часот по полноќ
Не се знае кога ЕСМ ќе го преземе управувањето со БЕГ и со „Скопје Север“, што е обврска од прогласената кризна состојба во снабдувањето во топлинска енергија во Скопје. Министерот за економија Крешник Бектеши пред два дена изјави дека тоа ќе се случи на 21 јануари, но од владата велат дека уште се подготвува договорот за преземање.
– Се подготвува договорот во Министерството за економија, по што треба да помине на владина седница. Штом Владата донесе одлука со којашто ќе го задолжи ЕСМ да го преземе управувањето со БЕГ и Скопје Север, јавноста веднаш ќе биде известена – изјавија од владата за Плусинфо.
Од ЕСМ велат дека чекаат одлука на владата за да го почнат процесот на преземање на управувањето на двата приватни снабдувачи со тополинска енергија во Скопје
Министерот за економија Бектеши, пак, пред два дена изјави дека е планирано од 21 јануари ЕСМ да го преземат управувањето со БЕГ и со „Скопје Север“ и најви дека ќе имма парно до 1 часот по полноќ со минимум 20 плус 1 степен. Тој рече и дека компаниите ќе треба да ги платат долговите направени до денот на преземањето.
– Од 21 јануари натаму, сè до денот до кога ќе управува ЕСМ со БЕГ и „Скопје Север“ ќе биде обврска на ЕСМ да ги води сите постапки и да ги надмирува сите обврски, но истовремено и да бара од нивна страна испорачување на тоа што е договорено. Немаме намера да ги преземеме обврските што ги имаат до 21 јануари, а од 21 натаму кога ЕСМ ќе управува со снабдувањето, дистрибуцијата и производството на топлинска енергија согласно договорот – рече Бектеши.
Тој најави дека договорто ќе биде ставен на дневен ред денеска.на владина седница.
Владата прогласи кризна состојба во снабдувањето со топлинска енергија на 17 јануари, и одлучи ЕСМ да го преземе управувањето со БЕГ и „Скопје север“. Пред тоа поради проблеми со снабудвање со гас БЕГ побара владата да го преземе управувањето со снабдувањето со топлинска енергија.