ЈЕЛЕНА РОЗГА ИМА ПРОБЛЕМ Поради болеста не може да се здебели ниту половина килограм
Јелена Розга открила дека својата вита линија ја должи на генетиката, медитеранската клима и на здравствениот проблем со кој со години храбро се бори.
Хрватската пејачка Јелена Розга освен по специфичниот глас е препознатлива и по младешкиот изглед. Иако има 44 години, изгледа како девојче. Со години ја има истата телесна тежина, а покрај генетиката, во тоа удел има и здравствениот проблем со кој се бори од 2006 година. Имено, пејачката страдала од несоница, имала проблем со кожата и чувствувала необјаснив замор, по што ѝ било дијагностицирано нарушување на штитната жлезда.
Во текот на неодамнешното гостување во емисијата „Амиџи шоу“, Јелена Розга открила дека својата вита линија ја должи на генетиката, медитеранската клима и на здравствениот проблем со кој со години храбро се бори.
„Добра генетика, секако и Далмација, морето, Сплит, но и моите проблеми со тироидната жлезда. Тие не ми даваат да се здебелам ниту половина килограм. Се чувствувам добро, но знаат дека ми направат проблем. Пред неколку дена беше лошо, сега е добро. Не се давам, само насмевка на лицето и позитивност“, раскажала хрватската музичка ѕвезда во емисијата „Амиџи шоу“.
На Розга пред четири години ѝ била дијагностицирана тахикардија.
„Денови претходно чувствував дека нешто не е во ред, но мислев дека во прашање е стрес и замор бидејќи беше јануари, а претходната година ми беше толку тешка. Тој ден кога ми беше дијагностицирана тахикардија, срцето толку многу му чукаше поради што се исплашив дека само ќе колабирам“, рекла своевремено Јелена за хрватска „Глорија“, која успева да се чувствува добро со уредниот начин на живот и редовната терапија.
„Најважно е да се изложувам на што помалку стрес, не само поради срцето, туку и поради тироидната жлезда. По таа епизода во јануари 2018 година, немав поголеми проблеми. Досега сите концерти во изминатите три години ги одбработив без никакви проблеми. Благодарение на терапијата и дисциплината физички се чувствувам одлично. Сè уште можам да пеам и танцувам со мојата публика речиси два часа“, изјавила пејачката.
ФОТО: Инстаграм