ПОЧИНА НИНО ЧЕРУТИ Италијанскиот моден дизајнер го воведе „лежерниот шик“

486

Славниот италијански моден дизајнер Нино Черути почина на 91-годишна возраст, дозна АФП од извор во модната индустрија во саботата вечерта, потврдувајќи ја веста објавена во италијанските медиуми. Тој почина во болница во Верчели, во Пиемонт, во северозападна Италија, каде што беше примен на операција на колкот, пишува на својата веб-страница весникот „Кориере дела сера“.

Нино Черути го воведе „лежерниот шик“ во машката висока мода со тоа што ја измисли првата јакна со копчиња во 1970-тите. Во тоа време тој стана мајстор за префинет спортски стил.






Роден е на 25 септември 1930 година во Биела и по смртта на неговиот татко Силвио, кога имал 20 години, морал да го напушти студирањето филозофија и да се откаже од сонот да стане новинар, за да ја преземе семејната текстилна фабрика.

Во 60-тите, Черути го запознал Џорџо Армани, четири години помлад од себе и го вработил како машки моден креатор.

Тандемот кој силно го одбележа модниот свет се распадна десет години подоцна, по одлуката на Армани да основа сопствена куќа во 1975 година. Неговата линија на спортска облека доживеа голем успех во 1980-тите, а потоа спонзорираше врвни спортисти, како американскиот тениски ас Џими Конорс и шведскиот скијач Ингемар Стенмарк.

Но, освен спортисти, неговите креации носеа и познатиот француски актер Жан Пол Белмондо и славниот италијански актер Марчело Мастројани.

Нино Черути, кој ја доби почесната титула Витез на трудот во 2000 година, беше официјален дизајнер на екипата на Ферари во трките на Формула 1 во 1994 година. Во 2001 година го продаде својот бренд „Черути 1881“ на италијански инвеститори, кој подоцна беше преземен од американскиот инвестициски фонд, а потоа прејде во рацете на кинеската група Тринити.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nino cerruti (@ninocerruti_)

Поврзани содржини